Превенција

Асоцијацијата има долгорочна соработка со медиумите за активна кампања под мотото „Забрането за малолетни лица – 100% законски!“ преку која се подигнува јавната свест и перманентно се испраќа пораката дека младината не смее да влегува ниту е посакуван посетител во казината и автомат клубовите.

Асоцијацијата следи редовни истражувања на јавното мислење кои потврдуваат дека во казината и автомат клубовите влегуваат три проценти од полнолетната популација, кои се традиционални играчи кои имаат претходно играчко искуство во западните земји. Искушувањето на среќата е дел од човечкиот карактер, затоа игрите на среќа ги имало и ќе ги има додека постои цивилизацијата.

Определба на АПИС е дека подигнувањето на општествената свест се прави со јавни кампањи и организиран пристап за насочување на младите генерации кон наука, култура и спорт.

Согласно највисоките светски стандарди, во објектите во кои приредуваат игри на среќа членките на асоцијацијата е обезбедена постојана поддршка од страна на дежурен психолог кој може веднаш да биде контактиран од секој играч кој евентуално ќе почувствува зависност од игрите на среќа.

Забрането за малолетни лица – 100% законски