АПИС – Асоцијација на приредувачи на игри на среќа
Мисија на АПИС
Асоцијацијата во Македонија обединува во постојано членство меѓународно реномирани приредувачи на игри на среќа во казина и автомат клубови со мисија да дејствуваат во заеднички проекти за подигнување на јавната свест за влијанието на овој сектор во развојните економски текови користејќи компаративни искуства од високо развиени демократски земји.
Како претставници на најголемиот приватен работодавец во државата, генерално асоцијацијата, но и поединечните членки, постојано развиваат култура на одговорно играње потенцирајќи го забавниот карактер на игрите на среќа.
Долгогодишното искуство во приредување игри на среќа во различни земји, членки на ЕУ, е секогаш корисен потенцијал асоцијацијата да помага на надлежните институции во градењето регулативи со цел соодветна заштита на јавниот интерес и обезбедување решенија соодветни на модерните тековни трендови во овој значаен економски сектор.
Општествено корпоративна одговорност

За нас
Нашата приказна
Здружението на приредувачи на игри на среќа АПИС е непрофитна организација чиј фокус е унапредување на условите за вршењето на економската дејност - приредување игри на среќа со градење соодветни механизми за заштита на јавниот интерес.
Практикуваме високи стандарди за транспарентност и градиме перманентна комуникација со надлежните институции за сите аспекти од деловното работење на членките на асоцијацијата.
Наша заедничка посветеност е бескомпромисно почитување на регулативите за приредување игри на среќа.
Посветени сме на едукацијата на општествените чинители за начинот, динамиката, деловните стандарди, професионални обуки за вработените, развојот на превентивните механизми и имплементација на највисоките европски и светски стандарди во секојдневното организирање игри на среќа во казината и автомат клубовите кои се наша надлежност.
Особено сме фокусирани на подигнувањето на свесноста за стандардите за општествена одговорност кои ги практикуваме. Веруваме дека проектите кои ги подржуваат членките на асоцијацијата се примери кои треба да ги следат и другите компании.



